МКЦ, 14 Ноември, 22:00ч
Во рамки на фестивалот на европски филм CINEDAYS #15 го најавуваме концертот на Russian Circles! Вечерта ќе ја отвори Helen Money.
Запишете во календар – 14 ноември 2016 (понеделник).
МКЦ Скопје, CINEDAYS #15.
*повеќе детали, информација за цена на влезници… наскоро.
Russian Circles
Пост-рок експерименталното трио Russian Circles го основаат Mike Sullivan (гитара), Colin DeKuiper (бас), и Dave Turncrantz (тапани). Претходно Sullivan и DeKuiper беа членови на еклектичниот инструментален проект Dakota/Dakota, додека пак Turncrantz продуцираше емо-панк галама Riddle of Steel. Оваа инструментална група е формирана во 2005 во Чикаго, и заедно тие чинат комплексна бучава од замрсени гитари, продорни тапани и тврди бас линии. Истата година, Russian Circles самостојно го издаваат истоименото ЕП. Две изданија во ограничен број брзо беа распродадени. Enter се викаше нивниот деби-албум издаден за Flameshovel во пролетта 2006. Настапот на годишната South by Southwest conference во Остин, Тексас и кратката американска турнеја со Minus the Bear и Chin Up Chin Up се поклопи со нивното прво издание. DeKuiper се раздели со бендот во 2007 и беше заменет со Brian Cook, басистот на Botch/These Arms Are Snakes. Russian Circles влегувраат во студио со продуцентот Matt Bayles (поранешен член на Minus the Bear), а во 2008 година тие го издаваат Station, нивното прво издание за Suicide Squeeze. Во октомври 2009 го издаваат нивниот трет албум, Geneva. Во 2011, Russian Circles преминуваат во издавачката куќа Sargent House Records, која претходно издаваше винилни верзии на нивните изданија, за на крајот од таа година да го издаде нивниот четврти албум, Empros. Петтиот албум следи во 2013, со име Memorial. Албумот Guidance излегува за Sargent House на 5 август 2016 година, воедно концертот во СКопје ќе биде промоција на последното издание на бендот.
Helen Money
Helen Money е Alison Chesley, виолончелистка од Чикаго којашто стана позната по нејзиниот уникатен звук и по нејзиниот заводлив сценски настап. Служејќи се со помош на техниките на водечките гитаристи, таа ги насочува нејзините чувства и искуство како рок музичар преку еден класичен инструмент. Песните се сурови, мелодични и често мрачни, со разчичен интензитет, панк-рок до минималистички и хипнотичен. Мрачно и живо искуство.
Основач на бендот Verbow, којшто издаваше за Epic Records, Alison има настапувано пред најразлични бендови како Shellac, Earth, The Bad Plus, Huun-Huur-Tu и KTL. Таа има соработувано и снимано со музичари како Bob Mould, Disturbed, Anthrax, Broken Social Scene, Frank Orrall, Mono и Russian Circles (гостин на третиот албум Geneva).
Покрај нејзиното соло творештво, од 1994, Chesley има компонирано музика за филм и балет, меѓудругото и музиката за наградуваниот документарец „Indestructible“ и две крупни дела за чикашкиот Mordine and Company Dance Theater – „Quest“ и „Time Stilled“.
Нејзиниот втор албум, снимен со Greg Norman во Electrical Audio и миксан од Sanford Parker во Semaphore Studios е издаден за Table of the Elements/Radium во декември 2009.
Нејзиното трето издание како Helen Money – Arriving Angels, се појавува во 2013 за Profound Lore и е снимано и миксано во Electrical Audio од Steve Albini. Најновото издание на Helen Money, насловено Become Zero, е подготвено за издавање за Thrill Jockey Records во септември 2016 година. Снимено е во Лос Анџелес во Neutral Studios и East/West Studios од Will Thomas и Ken Sluiter.
Alison беше избрана од Portishead да настапи со Helen Money на фестивалот ATP I’ll Be Your Mirror во 2011 година чии програмски селектори беа тие.