Куп кривични пријави за Палевски: прислушкување, недозволено оружје, злоупотреба на службена положба

Сподели

 

Поради поставени прашања од поголем број медиуми во врска со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за тоа какви пријави се поднесени против него во претходниот период, МВР ја информира јавноста, дека во 2019 година е поднесена кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање, а во текот на 2019 година поднесени се прекршочни пријави поради омаловажување на полициски службеник.

Во 2020 година е поднесена кривична пријава за недозволено држење на оружје или распрскувачки материи и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во 2005 година е поднесена кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување и посебни случаи на фалсификување исправа, во 2002 година за лажно пријавување на кривично дело, а во 2000 година за даночно затајување, наведуваат од МВР.