Курти за РСЕ: Најпрвин дијалог со ЕУ, па потоа со Белград

Сподели

 

Во интервју за Радио Слободна Европа Албин Курти лидерот на Самоопределување, партија која победи на вонредните избори на Косово во врска со тоа дали тој како иден можен премиер ќе се ангажира на обединувањето на Косово со Албанија изјави дека ќе се залага за зближување на двете земји:

„Не е дека ние како Албанци сме посветени на обединување на Косово со Албанија политички. Тоа е обединување, како историска намера на Албанците. Ние сме заинтересирани да се приближиме што е можно поблиску со Албанија, да преземеме чекори за интеграција. Но, нашата главна задача е да ја спасиме земјата од заробеност, да ја застанеме нашата република на нозе со правда, развој, еднаквост, со борба против корупцијата, да ја намалиме невработеноста и сиромаштијата и вака гледаме на интеграцијата со Албанија и ЕУ, преку успехот на Косово како држава“.

Во интервјуто Албин Курти во однос на тоа што очекува во врска со дијалогот меѓу Белград и Приштина кој подолго време е замрзнат изјави дека најбитно е првин да се разговара со Европската унија.

„Очекуваме солиден дијалог, добро подготвен и со јасни принципи претходно договорени со Брисел. Значи, сакаме дијалог со Брисел пред дијалогот со Србија, за да не пропадне дијалогот“.

Интервјуто на Албин Курти за Радио Слободна Европа, во целост прочитајте го тука