Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури кои се загрижувачки по здравјето и животот бездомните животни. Секоја зима сме сведоци на бездомни кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот. Појавата на хипотермија кај кучиња е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температура.
Апелираме до сите хумани граѓани да им пружат соодветна заштита на овие шепасти пријатели оваа зима.
Во таа насока прифатилиштето на ЈП Лајка советува:
Да им направите привремено засолниште. Картонските кутии можат да бидат од помош, тие изолираат од земјата и штитат од студени ветрови;
Поставете топла подлога за спиење, ќебенце, стара облека, килимче или пак слама, која исто така може да помогне;
Поставете им сад со храна и вода на места каде најчесто се собираат;
Пред да го стартувате автомобилот проверите ја хаубата и делот околу гумите, бидејќи неретко се случува бездомните животни особено мачиња, барајќи топлината и засолништето кога времето станува навистина студено, да се пикнат во тој дел на вашиот автомобил;
Бездомните кучиња не секогаш можат да го поднесат силниот студ, но ние можеме да им помогнеме користејќи ресурси од нашите домови прилагодувајќи ги на нивните потреби.
Секако, нашите телефонски линии 02/2 56 58 59 и 02/257 57 65, како и електронската адреса info@lajka.com.mk се достапни за сите граѓани кои сакаат да пријават бездомно куче за хуман третман и привремено згрижување во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА.
Да им помогнеме сите заедно!