Лажна дојава за подметнат експлозив во ТВ “Сител”

Сподели

Според информациите на МВР, вчера околу 21 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека непознато лице се јавило во телевизија „Сител“ и кажало дека во студиото имало подметнато експлозивна направа. На местото на настанот се упатиле полициски службеници и екипи од Единицата за антитероризам, по што била извршена евакуација на вработените. По извршениот преглед и увид било констатирано дека се работи за лажно пријавување.