ЛДП ја потпиша Декларацијата за измена на Законот за абортус

Сподели

ldp1

Претседателот на Либерално-демократската партија, Горан Милевски и претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Јулиана Николова, денеска потпишаа Декларација за измена на законот за прекинување на бременоста и обезбедување заштита на здравјето на репродуктивните права на жената, предложена од Платформата за родова еднаквост.

Законот за прекин на бременоста, кој во моментов е во сила, е рестриктивен и го ограничува правото на жените на избор. Со потпишувањето на декларацијата, ЛДП се обврза во новиот состав на парламентот да направи измена на Законот за прекинување на бременоста и тоа во одредбите кои го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на заштита и на репродуктивните права.

або

 Исто така, се обврзуваат на транспарентоност и партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации во процесот на донесување на нова законска регулатива, при што ќе се следат препораките на Светската здравствена организација и обврските од националните и меѓународните документи за човекови права.