ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање

Сподели

ldp1

И оваа година се покажа апсурдност на екстерното тестирање кое продолжува да претставува ноќна мора и за учениците и за родителите, како и за наставниците, велат од Либерално демократската партија.

„Наместо да се развива креативноста кај учениците, тие се принудуваат да ги учат напамет дадените одговори на прашањата за екстерното. Голем дел од пршањата се во насока на „труењето“ на децата со пропаганда на режимот. Екстерното тестирање, измислено од овој автократски режим, се користи како механизам за притисок на наставницте. Оценувањето е само мал дел од севкупниот ангажман и работа на наставниците. Стручната подготвеност, методите и техниките кои наставникот ги користи, односот со учениците, како и надградувањето воопшто не се земаат предвид и се се сведува на сувопарно пресметување на разликата на оценките на наставникот и оценките добиени на екстерно тестирање“, велат од ЛДП.

Партијата ветува дека, како дел од индата власт ќе го укинат екстерното тестирање и ќе воведат реформа со која ќе се унапреди образовен систем и чија главна цел ќе биде развојот на креативноста и иновативноста како кај учениците, така и кај наставниците.

ЛДП: Повторно се покажа апсурдноста на екстерното тестирање