ЛДП: Санкции за пречекорените овластувања на обезбедувањето на Груевски

Сподели

ldp1

Либерално-демократската партија соопшти дека е згрозена и сериозно загрижена за слободата на медиумите во Македонија, по последниот упад на обезбедувањето на поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Од партијата велат дека упадот на полициските службеници во просториите на ТВ21, со цел бришење на одредени фотографии кои новинарот на оваа телевизија ги сликал од прошетката на Груевски на улица Македонија, е одлика на автократски и недемократски општества.

„Ги прашуваме ВМРО-ДПМНЕ, дали со оваа провокација свесно и намерно ја влошуваат и онака уништената слобода на независното и непристрасно информирање во државата? ЛДП најсилно го осудува овој чин на насилие и бара санкционирање на припадниците на МВР кои ги пречекориле своите овластувања и ингеренции. Овој настан е уште еден доказ за издржаноста на барањето на ЛДП за декриминализација и департизација на безбедносните служби од лица со криминално досие, кои работат во служба на партијата, а не на државата“, стои во реакцијата