На ИМ 2901 во Чаир гласале 48 граѓанки и граѓани до 10:20 часот. Со двете лица кои се пријавиле како болни и гласале во текот на вчерашниот ден, бројот на гласачи кои го оствариле своето право на глас утрово е вкупно 50.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ е сместен во чајџилницата „Те Бала“ на аголот меѓу улиците Крсте Асенов и Добри Даскалов, во непосредна близина на СОУ „Иднина“ каде што се прегласува денеска. Својот прв извештај, ЦИВИЛ го објави во 9:30 часот.
Граѓанките и граѓаните и сите засегнати страни кои имаат информации за изборни нерегуларности можат да ги пријават на телефонските броеви 071 608 523, 078 / 746 138 и онлајн формуларот www.slobodniizbori.info.