Љубомир Јовески е нов државен јавен обвинител

Сподели

Собранието на вчерашната пленарна седница го именуваше Љубомир Јовески за нов државен јавен обвинител, со 61 глас „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“.

Од новиот јавен обвинител, кој доаѓа на местото на разрешениот Марко Зврлевски, како што беше нагласено во текот на расправата на која не учестуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да ја врати довербата во Обвинителството и воопшто во правосудниот систем во земјава.

Јовески целата своја кариера ја има поминато во македонските правосудни органи, работел и во судот и во обвинителството, а последната функција што ја извршуваше пред Владата да го предложи за државен јавен обвинител, беше член на Советот на јавни обвинители.