Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата

Сподели

 

Генералниот секретар на СДСМ објави дека е предложен за вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

“Ви благодарам што со ваша поддршка вртиме нов лист во развојот на нашата држава.

Му благодарам за довербата на премиерот Зоран Заев. За тоа што ми дава голема одговорност со тоа што ме предлага на позицијата вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси.

Ви давам збор дека откако ќе добијам чест да стапам на таа позиција по дискусијата во Собранието, ќе дадам сè од себе за да донесам максимални резултати со кои како граѓани ќе се гордеете.

Мораме да одиме напред, не смееме да застануваме. Ќе се бориме заедно и ќе донесеме нови позитивни промени. Верувам во многу подобро утре”  – напиша Љупчо Николовски на својот офисијален фб профил.