Македонски полициски синдикат на средба со директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу

Сподели
 

Делегација на Македонскиот полициски синдикат предводена од Претседателот Д-р Марјан Кицев и Генералниот секретар Киро Трајковски  остварија работна средба со Директорот на Агенцијата за разузнавање г-дин Еролд Муслиу.

На средбата од страна на Директорот на Агенцијата,Муслиу,беше  потенцирана важноста од добрата соработка со Македонскиот полициски синдикат како единствен репрезентативен синдикат за вработените во Агенцијата за разузнавање и  подготвеноста за соработка во интерес на вработените.

Единствена цел на Македонскиот полициски синдикат е да продолжиме со одличната соработка со раководството на Агенцијата за разузнавање,  сѐ со цел обезбедување подобри услови за работа и подобрувањето на стандардот на вработените во Агенцијата за разузнавање -истакна Д-р Марјан Кицев во своето обраќање пред присутните.