“Процесот на филтрација е основен за враќањето на довербата во правосудниот систем. Ќе се извршува увид во предмети од страна на тричлени комисии”, најавува министерот за правда Бојан Маричиќ за Дојче веле.
ДВ:Неказнивоста е проблем најчесто поврзуван со случаи од висок политички профил. Како ќе бидеме сигурни дека тие нема да останат во „заветрина“: ќе има ли независен мониторинг врз тие судски процеси?
Бојан Маричиќ: Целта на филтрацијата вклучува проверка токму и на овие случаи. Доколку сакаме да имаме правна држава, овие, како што ги нарекувате „заветрини“, треба да бидат минато. Ќе се ревидираат цели досиеја. Дополнително, следната година, најдоцна напролет очекуваме да започне и мониторингот на Европската унија за случајот на криминал и корупција од висок профил. Стручни лица и експерти од земјава и странство, ангажирани од ЕУ и ОБСЕ ќе прават мониторинг на околу 50 предмети. Со ова ние ќе бидеме првата земјава во регионот која од ЕУ побара веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на предмети за висока корупција. Накратко, целта ни е преку објективен и транспарентен процес во земјата повеќе да нема „недопирливи“ и секој да одговара за своите дела, односно да се санкционира секое кршење на законите.
Целиот текст за Дојче веле прочитајте го тука