Меџити го разреши кардиохирургот Јовев!

Сподели

 

 

Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Универзитетската клиника за кардиохирургија, професор д-р Сашко Јовев, кардиохирургот кој го предводеше тимот кој ја направи првата трансплантација на срце.

Меџити, одговарајќи на новинарско прашање во врска со ваквиот потег, рече дека секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето, тој ќе постапи исто.

„Веќе нема да има директори кои седат и спијат по пет или по десет години, немаат никаков резултат и затоа здравството е во ваква амортизирана состојба. Секогаш кога ќе има нерегуларности во работењето и во се друго, јас вака ќе постапам. Ова е само почеток, ќе видите дека некој нема да седи шест месеци, ќе поднесе извештај за тоа што има сработено“, изјави министерот.

„Тој е партиски кадар поставен во времето на Венко, нема вечни директори, ниту јас сум вечен. На тоа место ќе има кадар од коалицискиот партнер СДС, така било и тоа ќе го почитуваме“, рече министерот Меџити.