Секоја година на 23 април, се одбележува овој ден со цел подигнување на свеста за превенција од губење на милениците.
Превентивни чекори кои се важни да се превземат:
- Чувајте го вашето куче безбедно во вашиот дом. Вашиот двор мора да биде добро заграден и соодветно обезбеден.
- Дресирање: Кучињата кои се обучени и научени на команди и послушност, остваруваат подобра комуникација со своите сопственици.
- Микрочипот е важен, а особено е важно истиот да биде аплициран од најрана возраст заедно со вакцината против беснило и да биде внесен односно ажуриран во системот за домашни миленици.
- Стерилизацијата и кастрацијата во голема мера исто така ја намалуваат веројатноста на вашето домашно милениче да залута во потрага по партнер. Дополнително, ги елиминира шансите за несакано потомство доколку вашето куче неочекувано залута.
Доколку вашиот миленик има микрочип случајот за изгубен миленик се пријавува во полициска станица како и во прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА со испраќање меил на електронската адреса izgubenmilenik@lajka.com.mk. Меилот треба да содржи податоци за сопственикот, фотографии и информации за куче: број на микрочип и пасош.