Меморандум за соработка помеѓу РС Македонија и Саудиска Арабија

Сподели

 

 

На средбата беа разменети искуства за организацијата на правосудниот систем во РСМ и Саудиска Арабија. Министерот Лога го информираше неговиот колега за состојбата со правосудството во нашата земја, истакнувајќи ги напорите за реформи, како и за лошите услови на затворите во земјава. Разговарајќи за актуелните предизвици, министерот информираше и за уставните измени, како и евроинтегративниот пат на Северна Македонија.

Министерот за правда на Саудиска Арабија, Мухамед Ал-Самани откако се заблагодари за гостопримството, посочи дека од престолонаследникот, принцот Мухамед бин Салман, преземале обврска за да ги поправат и унапредуваат односите со сите земји, истакнувајќи подготвеност за соработка и поддршка за процесите во правосудство. Се дискутираше за последните промени низ кои поминало правосудството во Саудиска Арабија, истакнувајќи го формирањето на посебни сектори во секој суд за правна помош за граѓаните, подигнување на нивото на транспарентноста, ограничување на процесите до три месеци за решавање на проблемите.

Главен акцент се ставаше на процесот на дигитализација и електронско работење во целиот правосуден систем со што освен ефикасноста на работа, расте и транспарентноста бидејќи странките со ова ќе имаат видливост во сите чекори и фази на судските процеси.

Саудискиот министер го покани министерот Кренар Лога во официјална работна посета, а повтори дека тој лично и министерството со кое раководи ќе бидат отворени за соработка и поддршка во надминување на сите предизвици