Меркел избрана за канцеларка по четврти пат

Сподели

Германскиот парламент на денешната седница по четврти пат ја избра Ангела Меркел за германска канцеларка.

За повторен избор на Ангела Меркел гласаа 364 пратеници, од кои 315 против, а девет беа воздржани.

За повторно да биде избрана, на Меркел 364 пратеници гласаа „за“, 315 беа „против“, додека деветмина се воздржаа од гласање. Владината коалиција на Меркел, во која влегуваат Христијанско- социјалната унија и опозициската Социјалдемократската партија има вкупно 399 места во Бундестагот кој има вкупно 709 члена.

Се очекува Меркел да положи заклетва на функцијата во текот на денот во резиденцијата на претседателот Френк Валтер Штајнмајер во Берлин.