Со полициско комбе и под придружба на специјални полициски единици, поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков утринава од затворот во Шутка е спроведен пред Судот во Скопје.
Транспортиран бил до судската гаража, а покрај возилото биле и телохранителите на Мијалков.
Против него се води постапка по обвинението за предметот „Трезор“, во кој се товари за малверзации при набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петата управа во УБК. Ова е првпат откако беше притворен пред десетина дена, Мијалков да го напушти затворот. Откако тој влезе во притвор за „Трезор“ беа закажани две рочишта, но истите беа одложувани од различни причини.