Министерот Спасовски позитивен на коронавирус

Сподели

 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот официјален фб профил, објави дека е позитивен на Kовид-19.

“Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.

Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се” – напиша министерот Спасовски.