Министерството за култура ги демантира шпекулациите пласирани во одредени портали за наводна оставка на министерот за култура Асаф Адеми.
Министерот Адеми без застој во работата ги извршува своите редовни работни обврски, а активностите на Министерството за култура се одвиваат според тековната динамика – стои во соопштението на Министерството за култура.