Мисајловски како да не живее Ѓорче Петров, за 4 години Наумоски изгради 4 пати повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ за 12

Сподели

 

Владо Мисајловски десната рака на Миле Јанакиески, кој метар асфалт не стави постави во Ѓорче Петров додека беше министер за транспорт и врски, очигледно како да не живее во оваа општина. Или тоа или му останала старата добра навика да изнесува лажни вести и невистини.

За тоа колку се работело во мандатот на градоначалникот говори реализација на сите седум ветени капитални проекти и реализирани над 200 проекти наведени во Програмата.

На само 20 метри од местото каде денеска ширеше лажни вести, Мисајловски можеше да го види новото урбано јадро, Корзото во Ѓорче Петров, место што беше руина додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше општината.

Ако некогаш му текнало да излезе на терен и да го посети Волково, Мисајловски ќе видеше нова детска градинка, нова спортска сала и кружен тек. Ако прошета низ Хром ќе види доградба на подрачното училиште, реконструирани улици и нови скверови.

Огромна е разликата меѓу одговорното управување со општината на Александар Наумоски и СДСМ и расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ. За само четири години, Наумоски и СДСМ реализираа четири пати повеќе проекти отколку ВМРО-ДПМНЕ и Митровски за 12 години.

Таа разлика граѓаните ќе ја потврдат на 17 октомври кога ќе гласаат за најдобрата понуда, за Александар Наумоски и советничката листа на СДСМ и Коалицијата. 

соопштение, СДСМ