Мицкоски на средба со премиерот Виктор Орбан

Сподели

 

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан се сретна со лидерот на опозициската партија во Македонија ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој е во посета на Австрија и на Унгарија. Според агендата, Мицкоски денеска и утре ќе престојува во Виена и во Будимпешта.

 

 

Мицкоски на средбата со Орбан е во придружба на Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, а за средбата јавува и весникот „Hungary journal“.

На средбата се разговварало за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно дејствување во пресрет на претстојниот конгрес на Европската народна партија и изборот на новото раководство.

-“На средбата разговаравме за актуелната политичка и економска состојба во земјава, главните предизвици со кои таа се соочува, за стратешките интереси и перспективи на Република Македонија како и прашања поврзани за меѓусебна соработка на партиско ниво меѓу нашите партии во рамките на Европската Народна Партија.

Посочив дека за ВМРО-ДПМНЕ исклучиво важни се европските перспективи на Република Македонија кои се загрозени од неодговорната Влада на Заев.
Во тој контекст изразив загриженост поради криминалите и корупциските скандали со кој се соочува Владата на премиерот Заев, како и отсуството на правни разрешници на таквите криминални афери кои го загрозуваат функционирањето на правната држава.

И покрај отсуството на реформи, и сериозните индиции за криминално работење на владата кое допрва треба да се преиспита, сметам дека е потребно земјава да добие датум за преговори поради фактот што граѓаните не смеат да бидат заложник на неспособноста на Владата како и поради потребата да се воспостави уште еден контролен механизам врз владата преку поблиско мониторирање на нејзината работа од страна на европските институции.

Недостатокот на владеење на правото го следат и лоши економски резултати. Наспроти нереалните фалби на Владата и премиерот, граѓаните не живеат подобро, а сиромаштијата и иселувањето стануваат акутни проблеми.

 

На средбата стана збор и за песпективите за меѓусебна соработка особено во пресрет на Конгресот на Европската Народна Партија каде ВМРО-ДПМНЕ и партијата на премиерот Орбан се сестрински партии членки.
Истакнав дека сум за развој на меѓусебната соработка и афирмација на стратешките цели на Република Македонија.

Средбата со премиерот Орбан, која беше на државно ниво и со официјален пречек, се случи во неговата официјална резиденција во замокот “Кармелита” каде инаку унгарскиот премиер остварува редовни средби со Премиери, Претседатели и други високи гости” – напиша Мицкоски на својот фб профил.