МНР најостро го осудува палењето на знамето на Бугарија

Сподели

 

Министерството за надворешни најостро ја осуди денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија.

“По денешната објава на видеото на социјалните мрежи во чија содржина е прикажано како се пали знамето на Република Бугарија, најостро го осудуваме овој чин, како евтин и неуспешен обид да се предизвика омраза меѓу граѓаните во двете држави, како и да се нанесе штета на угледот на Република Северна Македонија”, наведуваат од МНР.

Министерството го осудува секој чин на сквернавење на чии било националните симболи, вклучувајќи ги и симболите на соседна Република Бугарија, како и секој друг вид израз на омраза кој не соодветствува со суштинските односи меѓу двете земји.

МНР упатува апел до граѓаните да не потпаѓаат на ваквите провокации, чија намена, како што стои во соопштението, е очигледно нечесна и во спротивност со стратешките интереси на државата да ги негува и развива добрите односи со соседите, се наведува во соопштението на МНР.

Од чинот се оградија и од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, станува збор за шовинистички и удбашки методи кои ги спроведува власта и кој се насочени кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Ниту УМС ниту ВМРО-ДПМНЕ не стои зад тој ФБ канал кој патем е формиран пред еден ден и има за намера да го оттргне вниманието на јавноста од катастрофата во здравството и политичката криза по добивањето на вето од источниот сосед.