МОБ: 45. Мајски оперски вечери започнуваат со операта „Травијата“

Сподели

Премиерата на операта „Травијата“ од Џузепе Верди, во режија на Верена Штојбер од Германија, на 9. мај во Македонската опера и балет ќе ги отвори 45. Мајски оперски вечери.

Во насловниот лик ќе настапи сопранот Ана Дурловски, диригент е Џанлука Мартиненги од Италија, сценографијата и костимографијата се на Софија Шнајдер од Германија, а кореограф на претставата е Саша Евтимова.

Покрај Ана Дурловски во улогата на Виолета Валери, во новата „Травијата“ ќе настапат и: Дарко Нешовски (Алфред Жермон), Борис Трајанов, Марјан Јованоски (Жорж Жермон), Николина Јаневска (Флора), Александра Лазаровска-Василевски (Анина), Владимир Саздовски (Барон Дуфол), Драган Ампов (Маркиз Д’Обињи), Дамјан Попоски (Гастон), Борко Биџовски (Гренвил), Игор Гиновски (Џузепе), Ернес Ибраимовски (Комесарио), како и оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на МОБ.