„МојДДВ“ апликацијата веќе достапна и за корисниците на „иос“ на „Аpple store“

Сподели

Сопствениците на „Ајфон“ од денеска можат да ја преземат апликацијата „МојДДВ“.

Директорката на Управата за јавни приходи УЈП, Сања Лукаревска информираше дека апликацијата „МојДДВ“ е достапна и за корисниците на „иос“ на „Аpple store“.

 

 

 

Лукаревска претходно објасни дека во мај, УЈП го контактирало претставништвото на „Епл стор“ за барање зодобрение за оваа апликација, но заради рестриктивните и строги правила на „Епл“, се одолговлекла оваа постапка.