Мрежа „Безбедни новинари“: 2. ноември – потсетување и предупредување од здруженијата на новинари во Западен Балкан

Сподели

 

Додека не бидат решени и санкционирани сите убиства, физички напади и смртни закани кон новинарите, 2ри ноември ќе биде потсетник за високите цени што ги плаќаат новинарите кои работат во интерес на граѓаните.

Како признание за далекусежните последици од неказнивоста, особено од злосторствата врз новинарите, во 2013 година Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 2ри ноември за „Меѓународен ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите“.

По седум години, Западен Балкан не гледа вистински развој во истрагите на новинарите кои беа убиени или биле мета на напади пред неколку децении.

Додека во Босна и Херцеговина во случајот обид за убиство на Владимир Јовановиќ, едно лице беше осудено на суд, а во другите земји од регионот многу случаи остануваат нерешени. Во Црна Гора соучесник е осуден за убиството на Душко Јовановиќ (2004 година), но оние што ја дадоа наредбата и ја организираа, остануваат непознати. Во случајот на пукањето на Оливера Лакиќ, по првичните информации дека лицето што пукало кон Лакиќ било идентификувано во 2019 година, властите замолкнале и не е постигнат напредок во истрагата.

Во Србија, убиствата на Радислава Вујасиновиќ (1994) и Милан Пантиќ (2001) се уште се во фаза на истрага, додека судењето за Славко Чурувија (1999) е при крај. Истрагата за обидот за атентат врз починатиот Дејан Анастасијевиќ во 2007 година не даде резултат и судењето за подметнат пожар врз Милан Јовановиќ (2018) сè уште трае.

Иако во 2017 година главниот обвинител на Косово назначи обвинител-координатор да ги следи упатствата за четирите случаи на исчезнати новинари и дванаесет случаи на убиени, тие сè уште не се решени.

Во Северна Македонија, бројот на напади против новинари во споредба со 2019 година е тројно зголемен (од 4 на 14) и повеќе од половина биле против жени новинарки.

Пораките од институциите  се далеку од охрабрувачки: од 2014 година, Мрежата на безбедни новинари забележа 774 инциденти: 43 во Црна Гора, 64 во Хрватска, 72 во Северна Македонија, 128 во Косово, 171 во Босна и Херцеговина и 296 во Србија. Многу од овие случаи сè уште остануваат нерешени. Истрагите за 14 напади врз 19 репортери и новинари од страна на полицијата и граѓаните за време на протестите во Србија, од кои 6 мораа да бидат хоспитализирани, полека одат напред. Еден случај е решен, а 9 случаи се под истрага на обвинителот.

Мрежата „Безбедни новинари“ ги потсетува граѓаните од регионот дека новинарите се изложени на ризик да им ги доставуваат информациите од јавен интерес и ги повикува да застанат против тоа. Државните институции како јавните обвинители и полицијата мора сериозно да ги сфатат нападите врз новинарите, да ги испитаат и да ги изведат сторителите пред лицето на правдата. Со тоа тие ќе ја потврдат нивната посветеност на слободата на медиумите. Одолговлекувањето, неподготвеноста и одбивањето да се покренат обвиненија по службена должност, во комбинација со вербални напади од високи функционери, негативни кампањи во медиумите и различни видови на притисоци, резултираат во непријателско опкружување што дополнително ги загрозува новинарите.

Секој напад врз новинари е напад врз јавниот интерес, демократијата и правата на сите граѓани.

Скопје – Белград – Подгорица – Приштина – Сараево – Загреб, 02.11.2020

Здружение на новинари на Косово

Здружение на новинарите на Македонија

Здружение на новинари на БХ

Здружение на хрватски новинари

Здружение на независни новинари на Србија

Синдикат на медиуми на Црна Гора