Мукаетов ги пречека младите ракометари кои го освоија првото место на ЕХВ шампионатот

Сподели

 

Кадетската репрезентација на Македонија успеа да го освои ЕХФ шампионатот во Рига, Летонија, откако во финалето триумфираше против Швајцарија со резултат 24-22. Претходно репрезентацијата ги совладаа селекциите на Летонија, Турција и Косово во групата, а потоа и во полуфиналето го совладаа Луксембург.

 

 

Со освоеното прво место на шампионатот, Македонија директно се пласираше на младинското ЕП во 2024 година и кадетското СП 2023 година.

Првиот човек на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов ги дочека ракометарите и стручниот штаб, лично им честиташе и им посака среќа. 

 

 

„Голема чест, голема работа, горди сме на вас што ја вративме Македонија во елитата. Вам ви претстои светла иднина, но многу да работите, заедно да градиме успех, ова е светска работа и многу сум ви благодарен. Ние сме тука за вас да работиме како федерација, да градиме успешна приказна. Ракометот е спорт број 1 во Македонија и да продолжиме да работиме како досега.

 

 

РФМ ќе побара од УО ракометарите да бидат наградени со 700.000 денари. Уште еднаш ви благодарам и ви посакувам уште многу вакви резултати и успеси“, им честиташе Живко Мукаетов.