Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорот Ле Риголер

Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Скопје, Кристоф Ле Риголер.

Посакувајќи му на амбасадорот Ле Риголер срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија, министерот Муцунски изрази задоволство од досегашниот политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период двете држави посветено ќе работат на натамошно динамизирање на секторската соработка и интензивирање на меѓусебната поддршка во различните мултилатерални формати.  

Во оваа прилика, министерот Муцунски изрази благодарност за активниот ангажман и поддршката на Француската Република во рамките на евроинтегративните процеси на нашата земја и искажа интерес за продлабочување на билатералната соработка на економски план во периодот кој следи. 

Амбасадорот Ле Риголер, заблагодарувајќи се на топлиот прием, истакна дека Француската Република високо го цени нашиот придонес кон стабилноста и просперитетот на целиот регион и останува посветена на натамошниот развој на билатералните односи, врз основа на традиционалното пријателство, меѓусебната доверба и остварените постигнувања во повеќе области.