Вечерва во Музеј на Град Скопје во рамки на „Скопско лето“ е поставена изложба „Долу на фармата“ од британскиот уметник Данкан Хигинс.
Данкан Хигинс е ликовен уметник од Шефилд, Обединетото Кралство. Професор е по ликовна уметност на Академијата за уметност и дизајн во Берген, Норвешка, и професор по визуелна уметност на Трент универзитетот во Нотингем, Велика Британија.