Музејска тура со кустос водич и пролетно матине во МСУ

Сподели

 

На 18 март (сабота), од 13 до 14 часот, Музејот на современата уметност – Скопје, организира музејска тура со нашиот кустос водич – Бојана Јанева.
 
Посетителите ќе имаат можност да ги погледнат делата од Петар Лубарда од колекцијата на МСУ и групната изложба „Пејзаж на вознемиреност“.
 
Веднаш по завршувањето на турата ве покануваме да останете со нас на првото пролетно матине во МСУ со многу музика. Пролетта прво доаѓа во МСУ.