МВР 24 часовен Билтен

Сподели

 

На 26.12.2023 во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода 30-годишната М.А. и П.Т.(34), двајцата од Велес. При претрес во домот на М.А., каде бил затекнат П.Т., извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, шприц со темно кафеава течност, додека при личен преглед кај М.А. била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2023 во 17.10 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за внатрешни Аеродром и Драчево при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена  марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (26.12.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 161 возач. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволенота брзина. Притоа, 47 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 114 надвор од населено место.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 147 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина осум санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за нерегистрирани возила…

На 26.12.2023 во 14.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со велешки регистарски ознаки, управуван од А.К.(38) од Прилеп, удрил во пешакот З.С.(45) од Прилеп. Во несреќата пешакот се здобил со  тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид на местото извршила екипа на ОВР Прилеп.

На 26.12.2023 во 21.15 часот во Полициската станица Карпош, М.Д.(19) од Скопје пријавил дека на ул.„Орце Николов“ бил каснат од куче скитник. 

На 26.12.2023 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, С.Т.(21) и Т.М.(21), двајцата од Велес, пријавиле дека на бул.„АВНОЈ“ биле каснати од куче скитник.

На 26.12 2023 во ОВР Прилеп, П.Ц.(46) од Прилеп пријавил дека на ул.„Димче Ацев“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.