Министерството за внатрешни работи ги демантира лагите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски изнесени во интервју за ТВ Алфа, а пренесени од дел од порталите, дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.
Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј што претседател е Мицковски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства.
МВР својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање. Ја информираме јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР – соопштија од МВР.