Министерството за здравство информира дека вчера за првпат на Клиниката за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек рисдиплам преку Програмата за милосрдие (Compassionate Use Program).
“Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат го добија лекот рисдиплам. Тие досега немаа лек и оваа терапија пациентите ќе ја примаат во домашни услови. Вчера, во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа д-р Иван Барбов и медицинска сестра Јасмина Коруновска од Клиниката за неврологија. На денешен ден, минатата година за првпат беше даден и лекот Спинраза кај пациентите до 18 години со СМА тип 1 и 2. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. Продолжуваме со подобрување на квалитетот на живот кај пациентите со ретки болести”, соопштија од Министерството за здравство.