Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос денеска во 15 часот според средноевропско време од космодромот „Лонч сајт уан“ во западен Тексас ќе полета во Вселената во првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“ со ракетата “New Shepard”, како дел од историскиот суборбитален лет кој претставува почеток на нова ера на приватни патувања во вселената.
Патувањето до вселената ќе трае 11 минути.
Девет дена порано, британскиот ривал на Безос, Ричард Брансон бил член на екипажот на успешниот инаугурален суборбитален лет на конкурентската агенцијата Virgin Galactic од Ново Мексико.
Брансон прв пристигна во вселената, но Безос ќе лета понатака. Тој ќе се издигне 100 километри од површината на земјата, додека Virgin Galactic се искачи до 86 километри.
Безос на патувањето ќе биде придружуван од астронаутот Вили Фанк, кој со своите 82 години ќе биде најстарата личност која била во вселената.