НАСТАНИ – Рила, 11 Јуни

Сподели

MDsedumterilskiezeraimaljovicasportskinastani

ДПС Трансверзалец од Скопје на 11 и 12 Јуни 2016 организира посета на планината Рила и акции за искачување на Седумте Рилски Езера и врвот Маљовица (2.729мнв)

Акцијата предвидува можност за вклучување на планинари и рекреативци. Учениците ќе бидат поделени во две групи.

Првата група ќе се искачува до врвот Маљовица преку Рилските езера. Ова акција спаѓа во категорија напорни акции и е во траење од вкупно 10 часа.

Втората група предвидува вклучување на рекреативци кои би ги посетиле Рилските Езера и рекреативно би пешачеле 3 часа.

Програма:

Сабота 11.06.2016 

Поаѓање во 4ч од паркинг Пошта – Железничка станица Скопје кон Софија.

Во Софија е предвиден шопинг од 3 – 4 часа во Декатлон – продавница за спортска –планинарска опрема. По шопингот се поаѓа кон ски Центарот Маљовица каде е предвидено хотелско сместување или сместување во Хижа(планинарски дом). Во хижа Маљовица сместувањето е во повеќекреветни соби. Ноќевање.

Недела 12.06.2016

Прва Група:

Поаѓање во 6ч. кон врвот Маљовица.

Првата група пешачи вкупно 10ч.

Патот води низ преубавите 7 Рилски езера: “Трилиснато”, “Долно езеро”, “Близнаци”, “Бубрег”, “Солза”, “Око” и “Рибното”, од каде со умерено темпо се пристигнува до подножјето на врвот Маљовица. Оттука, се отвора поглед на Рилскиот манастир. Врвот Маљовица се наоѓа на 2.729 мнв.

Втората група трга од Ски центарот со автобус кон хижа Пионерска(1.520мнв) од каде со ски лифт се упатува до хижа Рилски Езера (2.135 мнв).

До планинарскиот дом Рилски езера, се стига или со жичарница, со автобус, или пешки за околу 2 часа пешачење од хижа Пионерска(1.520мнв) .

Од хижа Рилски езера кој се наоѓа на 2.135 мнв има можност за рекреативно пешачење од 2 до 3 часа кај Рилските езера.

Цена: за превоз и ноќевање во планинарски дом Маљовица е 2000 ден

За превоз и ноќевање во хотел Маљовица 2400 ден

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА: ПАСОШ

Потребна опрема: за високогорско планинарење според временските услови

Во Цената не е вклучено: Патничко осигурување (учесниците во акцијата сами обезбедуваат осигурување)

Напомена: Организаторот го задржува правото да го промени планот, да ја одложи или откаже акцијата во случај на лоши временски услови и непредвидени околности. Сите учесници треба да се со во добра здравствена состојба, да имаат добра психофизичка подготовка. Сите планинари на оваа акција поаѓаат доброволно и на сопствена одговорност.

Пријавување, информации и уплати најкасно до 09.06.2016год

Лице за контакт: Зоран Костадинов 070/641-998