Национална галерија: Изложба “Надреализам и фантастика (рефлексии)”

Сподели

 

Во Национална галерија на 20.ноември, со почеток во 20 часот, во објектот Мала станица, ќе биде отворена групна тематска изложба со наслов „Надреализам и фантастика (рефлексии) – избор од колекцијата на Националната галерија“.

Како што укажува и самиот наслов изложбата „Надреализам и фантастика (рефлексии) од колекцијата на Националната галерија“ се осврнува на влијанијата кои надреализмот и фантастиката го извршиле врз развојот на современата македонска уметност во минатото, како и рефлексиите кои можат да се согледаат се до денешните остварувања.

Стремежите за претставувањето на поинаквото доживување на реалноста и за откривање на метафизичката страна на светот во Македонија се воочува во 6-та деценија на 20 век.

Различните видови надреализам и целата зона на ликовно изразување, засилено се развива од средината на шеесеттите години (и по Скопскиот земјотрес), со присуство на елементи на надреализам, метафизичко сликарство и магичен реализам.

Насловна фотографија: Васко Ташковски.
Доказ за едно постоење, 1975, масло на платно, 150х200 см