Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, при Владата, направи анализа на Нацрт-концепцијата за основно образование и при тоа ги консултираше своите членови и партнери- организациите на лица со попреченост.
Содржината на Нацрт-концепцијата ја анализираше преку принципите и начелата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, преку статусот, развојот и унапредувањето на образовните можности на ученците со претстојните концептуални промени, како и преку генералниот аспект на унапредување на образованието во државата воопшто, како процес кој со децении концептуално стагнирал.
Нов фокус на процесот, надлежностите, обврските, правата, методолошки новите пристапи, клучна и достоинствена улога на наставникот и стручните служби, но и исклучително квалитетно употребно знаење за сите учениците на образовниот процес и ширина во можностите за инклузија и знаења за учениците со попреченост.
Националното координативно тело предложи и неколку сугестии:
– сите политики и акти кои ќе произлегуваат од новата Концепција да се повикуваат и консултираат со Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, како и препораките кои произлегуваат од неа,
– осигурување и продолжување со заложбата за обезбедување на аспектот на пристапност и универзален дизајн, како предуслов за инклузивност и можностите за образование пристапно до секој ученик,
– обезбедување учество и вклученост во креирањето и реализацијата на сите репрезентативни организации на лицата со попреченост како и организациите на родителите на децата со попреченост, како исклучително важен предуслов, каде преку квалитетот на взаемната соработката во носењето, би се рефлектирал и во квалитет во реализацијата,
– потреба од персонално докомплетирање и неопходно обучување на стручните служби од аспект на методолошки пристап во инклузивните принципи и работа со учениците со попреченост, како и ревидирање на улогата на стручната служба со јасна определба на нејзините стручно-педагошки надлежности,
– потребата од креирање механизми кои ќе обезбедат гаранција дека сите ученици со попреченост кои се во инклузивно образование дека мора да бидат вклучени во задолжителните и изборните активности, како и во слободните активности во училиштето,
– да се обезбеди сигурност дека новата Концепција ќе рефлектира наставен процес чиј единствен центар на реализација ќе биде училиштето, односно со јасни норми ќе се ограничат обврските и задачите на учениците во рамки на семејството и домот, односно дури и при мала или делумна можност за тоа, целта на овие промени кои го нудат училиштето и активностите во него како фокус на образованието и воспитанието, ќе се девалвира.
Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на РС Македонија, очекува брзо усвојување на Нацрт-концепцијата и практично креирање на сите акти кои произлегуваат од неа, во кои со задоволство ќе даде свој стручен придонес.