Навивачите “Шверцери” направиле штета од 4.000 евра во МНТ

Сподели

 

Материјалната штета која ја направиле навивачите Шверцери во Македонскиот народен театар чини 4000 евра.

Шверцери прославувале исто како и навивачите од цивилизираните држави, во театар – изјави Али Ахмети и додаде дека не гледа вина во симпатизерите на клубот Шкупи кои во Македонскиот народен театар скокаа по столчињата и оставија зад себе оштетен инвентар.

“Откако видов дека и во сите цивилизирани земји како Англија и Германија, такви слични манифестации на симпатизери на клубови, исто се одржуваат во национални театри. Но, јас не сметам дека луѓето отишле таму за да направат штета или вандализам” – изјави Ахмети.

Според ВМРО ДПМНЕ одговорност мора да има од организаторите кои склучиле договор за одржување на настанот, и прашуваат зошто полицијата не реагирала вечерта кога се случи настанот.

Премиерот Заевдека изјави дека работната група за утврдување на одговорноста веќе направила записник.

„Откорнати тапацири на потпирачи на 5 столици во вкупна вредност од 125 евра, откорнати ногарки на столици од лежиште во вредност од 3 илјади, откорнати парапети на галериите од 10 метри и од 2 метри, во вредност од 240 евра, искршени орнаменти во вредност од 200 евра, искршени 5 подни светилки и дупки на теписон од цигари. Вкупната штета е 3.965 евра. Откако ќе се утврди одговорноста, тогаш оваа материјална штета ќе се надомести, но поголема е онаа духовната што е нанесена. Националниот театар е отворен за сите и сите треба да го користат, но се знае под какви услови. Од тоа треба да произлезе и одговорноста што ќе биде објавено кога ќе се утврди“, изјави премиерот.