Неделен хороскоп: 12 – 18. февруари

Сподели

Овен

Сѐ уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате. Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен.

 

Бик

Очекувајте различни можности за соработка со странци и шанси за профитирање од нив. Ќе истражувате, ќе учите, ќе патувате, ќе го ширите вашиот живот. Многумина од вас ќе покажат интерес да ја проучуваат метафизиката, езотеријата или филозофијата.  Потребата за интимност кај вас ќе зајакне. Затоа многумина кои што веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и таму тивко ќе уживаат во пар.

 

Близнаци

Вашиот труд ќе биде препознатлив и вие ќе добиете на цена. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и некој вид срамежливост кои се ваша одлика ќе бидат за пример во овие кризни времиња. Ќе работите вредно и без премногу прашања. Веројатно ќе продолжат нејаснотиите во вашиот приватен живот. Најдобро ќе се чувствуваат тие што немаат никакви обврски.

Рак

Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување.

Лав

Внимателно анализирајте ги своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви или интереси. Нема причина да се однесувате премногу лежерно пред службените партнери, на таков начин го свртувате вниманието на себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено решавате компликувани ситуации. Добро одмерете ги своите цели и улогата која ја имате. Се разликувате по начинот на размислување и делување во однос на саканиот(ата), но тоа нема да ви пречи да почувствувате заедничко задоволство.

Девица

Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.

Вага

Можеби сè уште нема да ја видите предноста на новата фаза во која што влегувате, но ќе ја почувствувате. Интуицијата ќе ви биде главен водич во работата во текот на оваа седмица. Ако се двоумите, само застанете и внимателно слушајте го внатрешниот глас. Најмногу ќе ви одговара мир и повлеченост. Многумина времето ќе го поминуваат во сопствениот дом, а ако саканата личност е со нив, уште подобро.

 

Шкорпија

Ќе ја подобрите својата положба на работното место. Ќе имате повеќе работа, но ќе ги завршувате работите полесно од било кога. Спортистите ќе постигнат одлични резултати. Поминете повеќе време со блиските за да не западнете во депресија. Многумина од вас сепак ќе поминат убави моменти со оние кои им се допаѓаат.

Стрелец

Ќе ве мачат финансиите. Дел од вас ќе најдат нов, несекојдневен начин за заработка. Можеби тоа нема да биде легално, така што ќе мора да проверите што смеете, а што не смеете да направите. Ве очекуваат и работни патувања. Ќе станете поинтересни за спротивниот пол што ќе создаде многу шанси за вас. Поради тоа, оние кои се во потрага по сродна душа многу лесно ќе наидуваат на љубовни прилики и луѓе кои им се допаѓаат. Оние кои се во врска ќе бидат расположени за нежност и уживање.

Јарец

За вас ова може да биде напорна недела, а за многу може да биде и многу успешна. Посебно за оние кои се родени во почетокот на знакот и оние кои се спремни да ризикуваат, но сепак имаат некаков резервен план ако во случај нешто тргне наопаку. На некој многу му се допаѓате и свесни сте каков впечаток оставате. Некогашната симпатија ќе сака да ви се обноват односите.

 

Водoлија

Ова ќе биде напорна недела во која можете да добиете неколку работни понуди. Вие ќе сакате своите идеи да ги реализирате во најдобра можна ситуација. Ќе успеете да се ангажирате во две работи, од кои едната ќе биде многу подобро платена ама бара повеќе работа. Со партнерот можни се конфликти поради бесмислени трачеви отстрана. Не обрнувајте премногу внимание на гласините.

Риби

Повеќе припадници на овој знак се во тотален хаос. Има повеќе решенија, но ниту едно не ви паѓа на памет. Морате да бидете одлучни во донесувањето одлуки. Имате потреба да поправите многу работи, но го правите сосема спротивното. Ситуацијата во љубовта ќе се поправи до крајот на неделата, а на работа сте во позиција да наметнувате свои барања.