Неделен хороскоп 22.08 – 28.08.2016

Сподели

Овен

Ќе почувствувате стимул, повеќе ќе бидете заинтересирани за друштвени активности и остварување нови контакти со личности од спротивниот пол. На другите ќе им биде полесно да ги видат вашите позитивни страни и да одговорат на вашите сигнали. Време е да се опуштите, да се исправите и да продолжите таму каде што застанавте. Од друга страна, на работен план ќе ви се укаже прилика за промоција и напредок. Во тоа ќе ви помогнат пријателите, роднините на саканата личност, ама и познаниците кои сте ги стекнале во текот на животот. Кон крајот на неделата ќе сфатите дека ништо не е случајно и дека се`си доаѓа на свое место.

printable-aries-zodiac-sign

Бик

Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувајте во ситници и непотребни расправии. Не преземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.

printable-taurus-zodiac-sign

Близнаци

Ќе бидете многу чувствителни на зборовите кои ќе ги чуете од околината. Некои од вас во таквата состојба ќе се загубат. Можеби ќе добиете и по некој корисен совет од повозрасна личност. Прифатете го без предрасуди. Не се расплинувајте на неважни работи, особено не на измислени здраствени проблеми. Обидете се повеќе да се концентрирате и да се посветите на работата, бидејќи доста сте заостанале со се` и сешто, а тоа би можело да предизвика бес кај вашиот шеф или пак членовите од семејството. Тоа навистина во моментот не ви е потребно.

8c65ebec82721cfcf686e57165c314f4

Рак

Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите на себе. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостане. Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности на кои порано неможевте да му се доближите. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.

2000px-Cancer.svg_

Лав

Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни. Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до израз ако се наоѓате на некое раководно место или ако планирате да започнете нов бизнис. Ако работите во некоја затворена установа ве очекува напредување.

leo

Девица

Ситуацијата на работното место ви е прилично заплеткана. Бидете пофлексибилни така полесно ќе стигнете до целта. Решението ќе го најдете ако ја надмините расеаноста и се потрудите проблемите да ги решавате посмирено. Некои работи што во минатиот период ве измачувале неделава од нив ќе се ослободите, па со голема недеж ќе гледате за понатаму. За тоа имате доволно оправдани причини, бидејќи за тоа на време сте се избориле. Финансиската состојба значително ќе ви се подобри и тоа повеќе од очекуваното.

2000px-Virgo.svg_

Вага

Најдобро за вас неделава е да ги оставите плановите и проектите кои би ви донеле брза заработувачка на страна. Периодот не е поволен за таков вид на работа. Посветете и се повеќе на тековната работата и можете да очекувате големи успеси, вие го заслужувате тоа. Ќе доживеете големо разочарување од лице на кое сте му се довериле. Тоа може скапо да ве чини, па би било добро да си го чувате грбот. Избегнувајте средби со вашите претпоставени колку што можете и намалете ги активностите во јавноста. Некои од вас ќе се почуствуваат осамено и многу тешко ќе наоѓаат истомисленици, па на тој начин ќе бидат оневозножени во своите настојувања.

Libra.svg_

Скорпија

Иако ќе работите напорно ќе бидете полни со енергија и мошне задоволни со себе. Ќе се занимавате со работи кои во целина ве задоволуваат. Работните пропусти кои сте ги направиле и не се така големи за да прифатите нечија казна или остра критика. Обидете се вашите соработници да ги прифатат релните објаснувања и моменталните услови кои делуваат на заедничкиот успех. Нема да ви се допаѓа нечија улога во деловните средби, но вие не треба да се оптеретувате со проценки на туѓите способности и вредности. Добро размислете и почекајте вистината да исплива на површина. Држете до позитивен став во деловните сортаботки.

printable-scorpio-zodiac-sign

Стрелец

Ќе бидете оптимистички расположени и ќе размислувате за крупни планови. Од вас извира огромна енергија која мора паметно да ја искористите. Коментарите за вас што ќе ги слушнете од околината воопшто нема да ве засегнуваат. Вие си ја гледате вашата работа и продолжете така. Имате доволно енергија за започнување на нова работна задача, ве очекува период во кој слободно можете да се впуштите во нова трговска зделка или пак да се јавите како посредник во некои деловни преговори. Оние кои се занимаваат со интелектуална работа, посебно со пишување, ќе имаат голема инспирација за творење.

2000px-Sagittarius.svg_

Јарец

Внимавајте на настаните кои се случуваат во вашата блиска околина и сторете нешто да не ве затекнат и вас. Во комуникациите имате напредок, периодот ви е одличен за склопување на пријателства како деловни така и приватни. Во потрага за некои нови хоризонти, или проширување на сегашните ќе се обидете да отпатувате некаде каде што до сега не сте биле. Ќе имате прилика да се покажете во јавноста и да се докажете со своите квалитети. Ќе имате повеќе енергија и за стекнување на нови знаења што би користело на претставниците кои се школуваат. Финансиската ситуација нема многу да ве радува, но нека не ве загрижува тоа, бидејќи набрзо ќе се поправи.

capricorn5

Водолија

Ќе бидете свртени кон работата, филозофски теми и патувања, па приватниот живот помалку ќе го запоставите. Моментално се наоѓате во извесна дилема. Двоумењето се однеусва на работата или пак некое патување. Бидејќи со успех ќе ги совладувате препреките при крајот на неделата очекувајте подобрување на расположението. Среќата оди во ваша насока, така што некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Односите со пријателите се добри, се` додека нивното мислење не се спротистави на вашето. Бидете повеќе самокритични и размислете повеќе за вашите ставови, не мора секогаш вие да бидете во право.

6ec248d9b9cbeb0f1362192d72c53c67

Риби

Ќе бидете вознемирени поради моменталните настани и ќе делувате конфузно, така да вашите објаснувања пред соработниците ќе звучат неубедливо. Нема причина да ризикувате, прифатете некоја поскромна понуда. Во моментот најважно е да ги смирите вашите мисли и чувства, но и да го задржите достоинството пред личноста која добро ве познава. Не му се доверувајте на секого, одбирајте ги луѓето со кои сакате да бидете поотворени, а можеби и да поделите некоја тајна. Најдете го вистинското решение. Финансиската состојба не ве загрижува, па повеќето од вас ќе си дозволат и трошење, можеби и купување на невжни работи.

piscessymbol-font