Нема повеќе надеж за Новак Џоковиќ! Зошто САД и Канада го отпишаа српскиот тенисер?

Сподели

По освојувањето на титулата на Вимблдон, најдобриот српски тенисер Новак Џоковиќ повторно се соочува со големи тешкотии во кариерата.

фото: Profimedia, EPA/Ian Langsdon

Неговиот настап на УС Опен се уште е неизвесен, но по се изгледа, нема да го гледаме на последниот Грен слем сезонава.

Исто така, не смее да учествува на Мастерсот во Монтреал каде ќе игра неговиот најголем ривал Рафаел Надал.

Одлуката да не се вакцинира многу влијаеше на српскиот ас оваа сезона и поради неа го пропушти Австралија опен, како и турнирите во Мајами и Индијан Велс.

,,Професионален тенисер сум, не се занимавам со политика, затоа што не ме интересира. Јас имам свое мислење и се залагам за слобода на избор. Ги почитувам сите и очекувам луѓето да ја почитуваат мојата одлука. Ако добијам дозвола, ќе бидам таму, ако не, нема. Не е крај на светот – изјави неодамна Џоковиќ.

Слична ситуација во однос на условите за влез има и во Канада.

фото: AP/Alexandra Panagiotidou

,,Ситуацијата е јасна – или Канада ќе ги промени правилата за вакцинација или ќе мора да ги засука ракавите и да ја земе вакцината. Ниту едно од овие сценарија не го сметам за веројатно – изјави директорот на турнирот во Монтреал, Ежен Лапиер.

На сличен став е и канадскиот министер за здравство Жан-Ив Дукло, кој вели дека има некои исклучоци, но дека правилата важат за сите.

,,Пандемијата сè уште не е завршена – рече Дукло.

Новак четири пати го освојуваше мастерсот 1000 во Монтреал кој започнува на 5 август, последен пат во 2016 година.

The post Нема повеќе надеж за Новак Џоковиќ! Зошто САД и Канада го отпишаа српскиот тенисер? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico