Министерот за здравство, Венко Филипче на својот фб профил објави апел за донирање на конвалесцентна плазма, која може да спаси човечки живот како и Ненад Ѓорѓевиќ од Скопје кој даруваше плазма за да помогне во борбата со КОВИД-19.
„Благодарен сум за помошта од медицинскиот персонал кој се грижеше за моето успешно излекување од КОВИД-19. Затоа и јас решив некому да помогнам. Во ова време кога слушаме лоши вести поврзани со вирусот се надевам дека моето дарување конвалесцентна плазма ќе помогне некому, каде е потребна”, порача Ненад Ѓорѓевиќ од Скопје, дарител на крвна плазма. Тој вирусот го прележал во септември, имал пневмонија, а сега е добро и постепено се опоравува.
Кој и како може да дарува конвалесцентна плазма?
http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d…/