Невремето во Јапонија однесе над 100 жртви

Сподели

Поројните дождови ги погодија југозападните делови на Јапонија. Најмалку 100 луѓе загинаа, а повеќе од 60 се водат за исчезнати.

Портпаролот на јапонската влада, Јошида Суга, рече дека меѓу настраданите има и 13 што доживеале инфаркт.

Речиси 6 милиони луѓе се присилени да ги напуштат своите домови. Голем број од луѓето се заглавени во своите домови поради поплавите, а уништени се и стотици куќи.

Над 10.000 лица се уште се без струја, и во опасност од топлотен удар во неразладените домови, а десетици илјади се без вода за пиење. Уништени се бројни патишта, прекинат е железничкиот сообртаќај. За водата целосно да се испумпа од најзагрозените подрачја се проценува дека ќе бидат потребни најмалку две недели.