Ноќеска започнува летното сметање на времето

Сподели

Ноќеска започнува летното сметање на времето, така што вечерва во 2 часот часовникот ќе се помести за еден час понапред и ќе биде 3 часот.

Одлуката за денот и за моментот на воведувањето и за денот и за моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2017. година е објавена во „Службен весник на Република Македонија“.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија, а сега се применува во 70 земји.

Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27. март 1983 година. Инаку, летното сметање на времето кај нас е воведено со прописите на поранешна Југославија во 1983 година. На почетокот, летното време траело од последната недела на март, до последната недела на септември, а од 1996 година е поместено да трае до последната недела на октомври.

Во Република Македонија не се вршени детални истражувања за влијанието на летното време врз животот на луѓето. Сепак, со оглед на географската положба тоа има позитивен ефект, бидејќи оптимално се искористуваат утринските, послабо сончеви и постудени часови, за сметка на попладневните сончеви и потопли часови, кои се користат за слободни рекреативно-забавни активности. Овој ефект е изразен и врз здравјето и позитивното расположение.