Нов проект на ФИФА – Инфантино сака СП во 2030 година да им го даде на земјите од блискиот исток!

Сподели

Светското првенство следната година ќе се одржи во Катар, а само осум години подоцна, најдобрите фудбалери на планетата би можеле да се вратат во тој регион.

Според водечките светски медиуми, започнаа заеднички кандидатури на земји за организација на Светското првенство во 2030 година, а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино дури и го даде својот предлог: првенството да се одржи во Израел и неколку негови соседни земји!

Желбата на првиот човек на ФИФА е да го обедини регионот на Блискиот Исток на тој начин, некако да се помири, барем за некое време, со турбулентната област во која се наоѓаат Израел и арапските земји околу него.

Засега е познато дека покрај Израел, друга земја домаќин би биле Обединетите Арапски Емирати.

Сето ова е се уште далеку од реализирање, но досега не се памети дека некој претседател на ФИФА јавно поддржал некоја страна во борбата да биде домаќин на големо натпреварување.

Организаторот на Светското првенство во 2030 година ќе биде официјално избран во 2024 година, а засега е познато дека Аргентина, Уругвај, Парагвај и Чиле ќе поднесат заедничка кандидатура, потоа земјите на Велика Британија и Ирска, Португалија и Шпанија, додека Кина ќе настапи независно.

Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, а за прв пат ќе биде со 48 репрезентации учесници.

The post Нов проект на ФИФА – Инфантино сака СП во 2030 година да им го даде на земјите од блискиот исток! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico