НОВ ЗЕЛАНД: Нови два земјотреси предизвикаа страв кај населението

Сподели

zeland

Два земјотреса со јачина од 5,9 и 5,3 степени според Рихтеровата скала го погодија Нов Зеланд. Според првичните информации, нема повредени ниту е евидентирана поголема штета.

Земјотрес со јачина од 5,9 степени околу 1:20 часот го погоди источниот брег на Северниот Остров, а пет часа подоцна следуваше послаб земјотрес што го погоди Јужниот Остров, соопшти американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување нема издадено предупредување за цунами.

Досега не се регистрирани жртви или материјална штета, но медиумите во Нов Зеланд објавија дека земјотресот предизвикал страв кај населението.