Ново судско рочиште за Мариглен Демири од Левица

Сподели

Закажано e ново рочиште на судскиот процес против Мариглен Демири од Левица, поради учество во протестите минатата година.

Од Левица велат протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжува. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против  Здравко Савески и Владимир Куновски.

Претходното рочиште беше откажано поради тоа што претставничката на Државното правобранителство доцна ја доставила проценката за материјалната штета од уништувањето на канцеларијата на претседателот Иванов.

Судијката Добрила Кацарска рече дека писмениот поднесок од Правобранителството го добила десетина минути пред судењето.