Обама: Апел до светот да биде трпелив со Трамп

Сподели

obama-tramp

Американскиот претседател во заминување Барак Обама на самитот на земјите од Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) апелираше до светските лидери да му пружат шанска на неговиот наследник Доналд Трамп, пренесува МИА.

Во обраќањето на собирот на младите Јужноамериканци во рамките на самитот, Обама апелираше до светот да биде трпелив со Трамп.

Обама одговарајќи на низа прашања за Трамп и неговата политика посочи дека „луѓето во Америка, бидејќи САД е голема држава, по секои избори се несигурни“.

– Важно е светот да не носи избрзани заклуоци туку да му пружи шанса на новиот претседател, посочи Обама.