Обвинение против 10 лица за обид за убиство на Зијадин Села

Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против  десет лица за сторено кривично дело Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Обвинетите сите заедно, како и со други лица за кои до овој момент не е утврден идентитетот, се обиделе да го лишат од живот  оштетениот Зијадин Села. Дел од обвинетите користеле тврди предмети кои ги фрлале кон оштетениот и притоа му нанеле животно загрозувачки повреди. Останатите пак, со употреба на удари, клоци и тупаници го извршиле кривичното дело за кое се товарат.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Обвинителниот акт поднесе и предлог за продолжување на мерката Притвор за деветмина од обвинетите, а за еден од нив предлог за продолжување на мерката Куќен притвор. Обвинителството цени дека постојат законските основи за продолжување на побараната мерка за обезбедување, бидејќи постојат основи за можно бегство на обвинетите, за влијание врз сведоци , како и за довршување на кривичното дело за кое се обвинети.