Обвинителство се согласи Мијалков за 10 милиони евра гаранција да се брани од слобода

Сподели

 

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја прифати понудената гаранција од 10 милиони евра за бранење од слобода на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков кој е во притвор. Мијалков е во истражниот затвор Скопје од 23-ти февруари кога по неколкудневно мистериозно исчезнување се појави пред обвинителството да го подигне решението за притвор.

„Обвинителството ценејќи ги околностите и имајќи ги предвид наводите во предлогот и дополненијата за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција, ценеше дека висината на понудената гаранција во доставените предлози во вкупен износ од 10.871.170,00 евра е прифатлива за обвинителството за обезбедување на присуство на обвинетиот до правосилноста на пресудата“ се вели во одговорот за радио Слободна Европа од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.